BlackBerry Classic е новиот паметен телефон со застарен дизајн

Вчера BlackBerry го објави својот нов паметен телефон BlackBerry Classic. Classic е телефон за класици, а тоа може да се види и од името. Истиот не се разликува многу од она што компанијата ни го покажувала до овој момент. Како дизајн и изработка најверојатно ќе ве потсети на Bold серијата, која беше доста модерна пред неколку години. Општо земено сè е во минато време, но претставено во сегашноста.

Како параметри Classic не е нешто забележитено и на позадината на денешните паметни телефони директно е незабележлив. Екранот му е квадратен со резолуција 720 x 720 пиксели, а дијагонално е 3,5-инчи. Хардверската моќ доаѓа од dual-core 1.5 GHz Krait процесор, Adreno 225 градичен процесор и 2GB RAM. Тоа, како што се гледа, не е ништо спектакуларно, но за услугите кои можете да ги користите, BlackBerry Classic е добар. На крајот овие телефони се користат најмногу за пораки и искрено не за многу други работи.

BlackBerry 10 е верзијата на оперативниот систем, што значи дека заедно со пораките ќе може да го користите и некои Android апликации. Друга забележлива разлика нема. Hub, Assistant и Blend се некои од апликациите кои ќе ги најдете во телефонот, а QWERTY тастатурата и физичките копчиња за навигација се класичните инструменти во смартфонот за класици – BlackBerry Classic, кои ќе ви помогнат да кликате брзо низ менијата.

Апаратот доаѓа и со 8МР камера која снима Full HD видео, но како што се претпоставува не очекувајте преголем квалитет од неа. Колку да снимите нешто набрзина, BlackBerry Classic ќе ви заврши работа.

Телефонот е веќе во продажба и може да се најде за околу 449 долари.

Ова е чуден потег на BlackBerry, имајќи предвид каде оди пазарот и побарувачката на потрошувачите.

Компанијата продолжува да се обложува на застарените решенија, барајќи поддршка од корисниците кои се навикнати на нивните производи, но тие веќе стануваат се помалку. Не презема ризици и не нуди уреди конкурентни на Apple, LG или Samsung. До каде ќе ги одведе оваа стратегија останува да видиме.

- Реклама -