Бизнисмени од Дрим Билдинг бараат од Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, првообвинетиот во случајот „Рекет“, да им ги врати „со камата“ 233.000 евра што му ги довериле за изградба на старечки дом кој им ја ветил во 2017 пред да се отвори телевизијата 1ТВ.
Од Дрим Билдинг бараат исплата на отштета од над 300.000 евра, но засега не се знае каде отишле овие пари, односно дали Боки 13 ги искористил за да ја отвори својата телевизија чиј неформален сопственик е.
Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, во телефонски разговор со Телма вели дека во локалната самоуправа нема никаков случај за градење на старечки дом, односно како што вели тој – нити иницијатива за промена на детален план, нити парцела за градба.
Останува и отворено прашањето дали потпретседателката на Меѓународниот Сојуз на Боки 13 и негова бизнис партнерка во 1ТВ, Јасна Ерцеговиќ Мандиќ е главниот лик преку кој одел трансферот на парите за старечки домови кои никогаш не биле изградени.
Сомнежите во јавност се отворија откако прво пензионерката Лилјана Тодоровска, за Телма сведочеше дека, „девојка од Меѓуанроднито сојуз“ во торба и ги зела 730.000 евра, уплатени од фирмата Пелистер, веднаш откако ги подигнала од банка , а потоа беше објавен и документ кој потврдува дека фирмата Дрим Билдинг лично на сметката на Мандиќ уплатила 233.000 евра, кои птооа си ги барале назад со камата поради неисполнети обврски од договорот..