Бизнис со празните кутии од цигарите

Пушачите секојдневно го фрлаат кутиите од цигари во корпа за отпадоци, а не се ни свесни дека токму од нив може да се заработи многу.
Златните и сребрените фолии кои се наоѓаат во внатрешноста на кутијата за цигари се рудник за пари. За килограм фолии се добива и до 500 евра.

64- годишната Ж.М. од Белград е жената која го открила ова. Таа собира фолии од кутии и ги продава за повеќе од 100 евра по килограм.

Во Крагуевац за еден килограм фолија може да добиете и 160 евра, во Белград пак, за истата количина цената достигнува и до 500 евра.

За еден килограм фолија, потребни ви се околу илјада кутии цигари.

Но, иако звучи толку едноставно, не е баш така, бидејќи тврдата фолија се фрла, а се собира само меката и тенката.

- Реклама -