Бизарни игри на „американските сељаци од југот“

seljaci_pСкокање на стомак во кал, фаќање сурови свински нозе со заби и фрлање
веце-школки се само некои од дисциплините на годинешната олимпијада
„Рендек“ или буквално олимпијада на „сељаците“ од американскиот југ,
која се одржува секое лето од 1996 година.


Скокање на стомак во кал, фаќање сурови свински нозе со заби и фрлање веце-школки се само некои од дисциплините на годинешната олимпијада „Рендек“ или буквално олимпијада на „сељаците“ од американскиот југ, која се одржува секое лето од 1996 година.

seljaci

Големата забава „Реднек“ почна во саботата навечер во Џорџија кога беззаб натпреварувач со прекар „Воз на стравот“ го запали своевидниот олимписки факел, направен од лименка пиво со гас. Поради својата способност да го допре носот со горната усна, „Возот на стравот“ ја заработи и титулата маскота на игрите.
Прецизна дефиниција што е тоа „реднек“ или „американски сељак од југот“ не постои, но целата филозофија можеби најдобро ја доловува Бренда Крос, која на штанд продава пржено свинско.

– Реднек сум зашто пијам пиво и не ми е грижа за ништо во животот – рекла таа.
Олимписките игри во Атланта во 1996 година се главни виновници за раѓањето на реднек-игрите. Кога се појавија проблеми во организацијата, американските медиуми почнаа да пишуваат дека Олимпијадата ќе пропадне зашто ја водат „чопор реднеци“. Тогаш екипа од локално радио во Ист Даблин, Џорџија, реши да создаде вистински реднек-игри, кои ќе се одржуваат секој јули.

Годинава како омилена дисциплина се покажало скокањето на стомак во кал, а особена атракција претставува кога тоа ќе го стори некој мешест пивопиец. Голем интерес привлекле и натпреварот во плукање, во нуркање во ѓубре и во свирење под пазува.

виа.

- Реклама -