Големиот француски производител на училишна опрема ги израдува децата – штитеници на Институциите за заштита на децата во Република Македонија.
Француската компанија БИЦ (BIC: www.bicworld.com), која во сопствената голема производна и услужна палета нуди високо квалитетен училиштен прибор за најмладите (дрвени боици, фломастери, моливи и гуми, пенкала во најразлична боја…), донираше пакети производи на дечиња во неколку образовни Институции. Акцијата за дарување е организирана во Институции за заштита на децата: Посебните основни училишта „Др.Златен Сремец“ и „Иднина“, Завод за згрижување, воспитување и образование на деца и младинци „Ранка Милановиќ“ и Центарот за рехабилитација- Скопје, како и во Заводот за рехабилитација за деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ во Битола, ПОУ „Климент Охридски“- Ново Село, ЗЗР „Бања Банско“ – Струмица и ПОУ „Маца Овчарова“ – Велес.
Целта на акцијата е да се подигне јавната свест за поддршка и помош на оваа група на деца и младинци и да се потенцира нивната еднаквост во општеството. Со тоа, компанијата сака да покаже дека без разлика на статусот на децата, тие имаат еднаква инспирација, желба и мотив – како да се изразат преку цртање, боење и пишување.
„Се надеваме дека со употреба на нашите производи децата ќе бидат во уште поголема можност за изразување на својата креативност преку изработка на цртежи и пишување. Истовремено, веруваме дека оваа соработка нема да заврши сега, туку и понатаму во координација со овие и други центри за образование, образовни институции и училишта ќе организираме и други настани за дополнителна едукација на нашите најмили“, изјавија од компанијата БИЦ (BIC).