Во време на пандемија кога училишатат не работата, а наставата се следи преку интернет, наставниците, учениците па и нивните родители се соочуваат со огромни предизвици. Сите бараат начин како полесно да се совлада он лајн наставата. Битолченецит Николче Шулевски, експерт за онлајн учење, нуди бесплатна помош за сите наставици, професори, ученици и студенти, за полесно да го научат конфернецискиот сервис ZOOM. Неговите туторијали на јутјуб, деновиве имаат и по дваесет илјади прегледи.
-Јас како екперт за он лајн учење, под целосна онлајн настава подразбирам да имаме платформа за учење каде што учениците ќе можат активно да учествуваат во наставата, односно да пишуваат, да слушаат, да гледаат видеа, да следат презентации, да работата домашни и училипни задачи. Да прават тестови, односно со тоа д аможе да се следи наставата, вели Николче Шулевски, експерт за онлајн учење.
Наставницте велат дека овие совете се од огромно значење за полесно да ги совладаат алатките за учење на далечина
-Благодарение на овие видеа сите учесници во наставниот процес го скративме времето за посебна обука, инсталирање и примена на ZOOM платформата. Денес во ОУ „Тодор Ангелевски“ Битола имаме непречена реализација на он лајн настава и далечиснко учење, се надевам ќе имаме успешна реалзиација на наставната програм,вели Љубица Стерјева, директор на ОУ „Тодор Ангелевски“-Битола 1,30 до 2,00 наствната програма тестирања на учениците
Шулевски има осумгодишно искуство во онлајн учењето, преку истаржаувањата за неговиот магистерски труд и докторска дисертација, но и и пркатична примена, со што вели се докажува дека онлајн учењето е целосно применливо во наставата, тоа е ефективно, модерно, мотивира и се постигнуваат добри резултатит кај учениците.
Телма