Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски одговори на прозивките од страна на еден говорник на вчерашниот протест пред Собранието на Република Македонија додека траеше седницата за Законот за употреба на јазиците.
„Еден говорник пред парламентот праша: Каде е сега Љубчо? Буквално баш во тој момент шетав со пријатели и бев негде околу споменикот на Александар.
А ти непознат патриоту кај беше ти кога Љубчо се бореше за Македонија? Потсети се какви трици тогаш си ручал и колку многу си верувал дека тоа е наместена војна. Ако побараш внимателно ќе најдеш дека уште пред петнаест години сум ги предвидел денешните настани.
Кога можевме да ја спасиме Македонија дремевте и работевте против единствените кои се бореа.
И така патриоту битката што ја водите многу одамна е изгубена. А многу од тие што денес сте пред парламентот дадовте придонес во тој пораз“ напиша Георгиевски во одговорот објавен на социјалните мрежи.
Извор: ФАКТОР.МК