Бисквит торта со еурокрем

Овој рецепт е вистинско вкусно задоволство, што се топи во уста…

Состојки:

Половина литар млеко

10 лажици шеќер

8 лажици брашно

250 гр. еурокрем

1 маргарин

1 кг бисквити

Подготовка:

Сварете го млекото со шеќерот.

Растопете 8 лажици брашно во малку млеко и додадете во садот со свареното млеко, притоа постојано мешајќи, со цел да не се направат грутки.

Сварете го филот така што ќе добиете густа смеса како пудинг.

Тргнете го тенџерето од оган и додадете еден маргарин и еурокрем. Мешајте додека состојките не се растопат.

Секоја бисквита потопете ја во млеко и наредете ги на еден четвртаст плех.

Потоа премачкајте со филот, и повторете ја постапката додека имате од состојките.

На крајот завршете со кремот и посипете мелени лешници, ореви или чоколадни трошки.

- Реклама -