Со што нè иритира најблискиот пријател? Смета ли дека лажењето понекогаш е нормално? Ако можеме да одговориме на овие и ним сличните, интимни прашања, можеби ќе имаме помалку конфликтни ситуации со луѓето кога ги определуваме како „најдобар пријател“.
Откривањето на ситните детали за животот и размислувањето, води до поблиски и поцелосни односи. За време на направеното истражување експертите врбувале студенти, кои пак од своја страна ги донеле и своите пријатели, за да учествуваат во експериментот. Научниците понудиле и листа на карактеристики на однесување на другите луѓе кои се сметаат за иритабилни, како перфекционизам, површност, скептицизам.
Потоа од учесниците се барало да опишат како би реагирале ако се судрат со овие карактеристики. Тие требалo и да ги предвидат реакциите на нивните пријатели при нивниот состанок со слични личности.
Оние кои се справуваат подобро во решавањето на реакцијата на своите блиски пријатели, се помалку борбени личности и кај нив поретко се јавуваат пријателски односи кои се стресни и разочарувачки. Во таквата комуникација има повеќе чувство на близина меѓу луѓето.
Д-р Чарити Фрejзер, коавтор на студијата, објаснува дека истражувањето е и подетален начин како да биде испитана личноста на човекот. Научниците објаснуваат дека секој наш познат би можел да не опише како досетлив, дека го сакаме спортот или технологијата. Само најблискиот пријател, сепак може да даде подетален личноста и да предвиди секоја наша реакција.
Објавено во соработка со За Здравје.