Бирајте: Или Киборзи, или жртви на вештачката интелигенција

Зборувајќи на светскиот самит на владите во Дубаи, Илон Маск рече дека луѓето ќе мораат да се спојат со машините, во спротивно ќе станат ирелевантни. Тој објасни дека човечкиот мозок не е способен да држи чекор со компјутерите, кои наскоро ќе почнат да ги заменуваат луѓето во многу полиња на работа.

Тој очекува дека спојот на биолошката и дигиталната интелигенција е неминовен. „Се е до bandwidth-от т.е. брзината на конекцијата меѓу твојот мозок и твојата дигитална верзија – поконкретно аутпутот“, рече Маск, на што додаде дека компјутерите можат да комуницираат со брзина од „трилиони бајти во секунда“, додека луѓето достигнуваат до само 10 бајти во секунда, барем кога пишуваат на мобилен уред (за што Маск очекува да стане и главната форма на комуникација).

Маск изрази и страв од таканаречениот „Deep AI“ – вештачка интелигенција која е „попаметна од најпаметниот човек на Земјата“, карактеризирајќи ја како „опасна“ ситуација.

„Некаков интерфејс со висок bandwidth кон мозокот ќе биде од помош да се постигне симбиоза меѓу човечката и машинската интелигенција, и можеби ќе го реши проблемот со контролата (на вештачката интелигенција), како и проблемот со корисноста“.

Луѓето веќе и почнаа да ги губат работните места за сметка на машините, а Маск смета, нормално,дека токму луѓето што работат работи поврзани со возење се тие што се најизложени на ризик во моментов, како последица на подемот на автономните возила. Тој нагласи дека тоа ќе се случи многу брзо и нагло, и истакна дека ќе мораме да им најдеме нова улога на луѓето кои ќе бидат засегнати.

- Реклама -