Биодизел:Рафинерија сместена во кујна

img_0989Со наменско одгледување на маслодајните култури за производство на биодизел од еден хектар површина може да се обезбеди 1 тон биодизел. Во Македонија има околу 400 илјади хектари напуштени земјоделски површини, што значи кога тие би се активирале за одгледување маслодајните култури, според оваа формула Македонија би можела да произведе 400 илјади тони биодизел годишно.


Со наменско одгледување на маслодајните култури за производство на биодизел од еден хектар површина може да се обезбеди 1 тон биодизел. Во Македонија има околу 400 илјади хектари напуштени земјоделски површини, што значи кога тие би се активирале за одгледување маслодајните култури, според оваа формула Македонија би можела да произведе 400 илјади тони биодизел годишно.

mihjlovskiМихајловски од Македонска Каменица е практичен. Тој смета дека нема потреба да губи време на измислување технолошка линија за оваа намена кога производството на опрема за биодизел во светот е веќе доволно усовршено и евтино. Михајловски вели дека во Холандија секое селско домаќинство има своја фабрика за биодизел и таа практика сака да ја воведе и во Македонија. Од минатата недела тој почна биодизелот произведен во неговата фабрика “Стар“ да им го дели бесплатно на земјоделците, под услов еден дел од своите земјоделски површини наесен да ги засеат со маслодајна репка од која тој понатаму ќе произведува еколошко гориво за трактори.

“Сакам да ги стимулирам земјоделците од мојот регион на своите ниви да сеат и маслодајни култури. Тоа е практика во аграрните региони во Европа за да се добие доволно суровина за биодизелот. Ако ги следат моите совети, јас наесен би можел да произведам 30 тони биодизел за потребите на земјоделците”, вели Михајловски.

Сега во неговата фабрика за биодизел месечно се произведува околу еден тон еколошко гориво.

Квалитетот на горивото е одличен и проверен во лабораторијата на ОКТА. Суровина за производство на биодизел е прегореното масло од угостителство кое го добива бесплатно од “Мек Доналдс“ во Скопје, од синџирот ресторани ’Кај Злате’, студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу и од хотелот ’Слив’ во Виница.

Прочитајте повеќе во текстот на Форум за алтернативна енергија РАФИНЕРИЈА СМЕСТЕНА ВО КУЈНА

- Реклама -