Британскиот актер и комичар, Роуан Аткинсон, во интервјуто дадено за Daily Telegraph изјави дека ликот кој го направи обожавана фигура во целиот свет, а особено меѓу децата – Мистер Бин, ќе замине во историјата.
Аткинсон, кој веќе има 50 години, изјави дека најсилната страна на овој лик е физичката комедија, ситуациите и неволјите во кои тој запаѓа, а со оглед на возраста, нему му станува сѐ потешко да ги изведува. Уште поиронично е што овој будалест лик донесе смеа на лицата на милиони луѓе на сите континенти, а Аткинсон го гледа глупирањето на еден средовечен човек како нешто тажно.
Британецот признава дека играњето на овој симпатичен кловн е нешто што влијаело низ годините тој да не добие многу посериозни улоги, па откако ќе го испрати Бин во пензија, се надева дека и другите негови таленти ќе бидат препознаени.