Билетите распродадени: Ракометниот хуманитарен спектакл пред – преполни трибини!

Утрешната хуманитарна пресметка помеѓу најдоброто што македонскиот ракомет го имал некогаш и го има во моментов ќе се игра пред преполни трибини во салата „Борис Трајковски“, откако РФМ вечерва ја потврди информацијата дека сите билети за овој спектакл се – распродадени.

На едната страна од теренот ќе се најдат 20 ветерани предводени од Илија Темелковски и Звонко Шундовски, додека за противници ќе ги имаат избраниците на селекторот Кирил Лазаров, кои се подготвуваат за претстојното СП 2023 во Полска и Шведска.

- Реклама -