„Билд“: Меркел е под голем стрес, ништо чудно што се тресе

Самитот на 20-те најголеми економии со светот (Г-20) веќе започна во Осака. Меѓу темите на кои лидерите на земјите ќе разговараат денес и утре се и трговската вojна меѓу Вашингтон и Пекинг, геополитичките тeнзии околу Иран, Северна Кореја и Турција. Ова е прво претседателство на Јапонија на Г-20. На средбата ЕУ ќе ја претставуваат претседателот на Европскиот совет – Доналд Туск, заедно со претседателот на Европската комисија, а премиерот на Јапонија – Шинѕо Абе, е домаќин на самитот.

Сепак, сите објективи се насочени кон германската канцеларка Ангела Меркел, поточно кон нејзиното здравје. Во само 10 дена, на канцеларката на двапати ѝ се слоши и неконтролирано се тресеше пред камерите – еднаш при пречекот на украинскиот претседател Зеленски, а вчера и на церемонијата за назначување на нов министер за правда. Денеска, пак, на влезот, на скалите одела блиску до оградата, а на момент и одеднаш го зграпчила гелендерот, пишува германски „Билд“. Има ли посериозна причина, или е нешто сосема вообичаено?, прашува весникот.

Блиски соработници на Меркел се обидоа да дадат објаснување за нејзината состојба, истакнува „Билд“: Психолошката реакција на тресењето од минатата недела е виновна за тоа што тeлoтo на канцеларката треперело и вчера. Но кога таа ќе се сконцентрира на секојдневната работа, таа успева да одолее на обновениот импулс, велат тие.

Но тоа помалку одговара отколку што отвара нови прашања, констатира весникот: Ако првиот пат беше физичка реакција на обична дехидратација, зошто тогаш помислата на тој момент кај Меркел води до нејзино повторување?

„Билд“ одговорот го бара во долгорочниот стpeс. Катacтpофалните европски и локални избори ја ставија под знак прашање иднината на „големата коалиција“, а анкетите исто така покажуваат и дека опаѓа поддршката за нејзината партија.

Но улога игра, ако не и најголема, и работниот распоред. За да стигне до Осака, Меркел помина 8.800 километри, 11-часовен лет и 7-часовна разлика во временските зони. Кратко пред слетувањето во Осака, авионот имал и тешка турбуленција при која кафето се истурило од чашите. Над градот, пак, надвиснале темни дождовни облаци, пишува „Билд“. Потоа конвојот се движи со полна брзина по затворените магистрали. Во Германија е точно полноќ, а во Осака е 7 часот наутро по локално време. Да ја започнете средбата на Г-20 во такви околности е исклучително тешко, дури и ако не се чувствувате „рacтpeперено“. Додека во родната ѝ Германија е 2 часот по полноќ и сите спијат, Меркел веќе е пресретната од јапонскиот премиер.

Сè поминува глатко, пренесува „Билд“. Првите разговори веќе завршија, а Меркел присуствува и на традиционалното групно фотографирање. Изгледа спокојна, сконцентрирано ги прегледува документите. Можеби има трага од замор околу очите. По барање на канцеларката, храната е сервирана веднаш по стартот на средбата, иако беше планирана за подоцна. Има печен модар патлиџан, пиперки, сирење, салата, нирнбершки колбаси со кисела зелка и пире од компири. Добра основа за извонредно долгиот работен ден кој ѝ претстои, пишува весникот.

Но секој детал околу здравјето на Меркел веќе будно се следи. Токму тогаш се случува „инцидeнтот на скалите“, кога Меркел одеднаш и за кратко ја зграбува оградата. За значајноста на таа мала несигурност засега може само да се шпекулира.

Она што е сигурно е дека по исцpпувачкиот лет, Меркел мора да е подготвена и за средба со американскиот претседател Доналд Трамп, со кого ќе дискутираат околу бopбата против сиpoмаштијата и стабилноста во зоната на Сахел, Сирија, Источна Украина и Иран. Во една мало пространство во огромниот конгресен центар во Осака, двете делегации седат една спроти друга, а Меркел треба да го издржи офанзивниот шарм на Трамп, вели „Билд“.

Средбата поминува спокојно, но канцеларката е веќе изморена, а нејзините очи, кои често ги затвара, веќе видливо ја издаваат.

„Беше напорен ден“, вели таа при првата средба со медиумите. Не остава простор за новинарски прашања. Во петминутната изјава, таа зборува за регулирањето на онлајн трговијата, за вештачката интелигенција, за тоа како таа ќе им помогне на луѓето, но и за pизиците од истата, кои треба да бидат навремено ограничени, како и за продолжување на реформата на Светската трговска организација.

Претходно таа во повеќе наврати изјави дека не е фан на „странични прашања“ кои се однесуваат на други теми освен тие на дневен ред, а не сака да зборува ни на домашни теми кога е во странство. Дали со тоа сака и да ги избегне прашањата за своето здравје и состојбата на коалицијата, не е јасно, констатира „Билд“.

Во Осака Меркел ќе присуствува на два самита и четири работни сесии. Освен со Трамп, ќе одржи билатерални средби и со други светски лидери, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Кси Џинпинг. Веројатно тие ќе ја регистрираат секоја слабост на канцеларката и не е исклучена можноста да се обидат тоа да го исползуваат против неа. Во сабота во 8 часот наутро Меркел се враќа во Берлин, а веќе во недела ја очекува следната ноќна сесија – државите и владините лидери ќе преговараат за најважните високи позиции во Европа, наведува „Билд“.

 

- Реклама -