Билбилов има помошник за препознавање на хитови

Иако го запознавме како пејач, во последно време Роберт Билбилов е целосно фокусиран на компонирањето и одлично се снаоѓа во оваа улога.

Тој неодамна објасни дека повеќе ужива во компонирањето, а притоа ја откри и тајната дека постои човек кој веднаш умее да препознае дали некоја песна ќе стане хит, или не.

„Кога се возиме во автомобил со син ми Давид и слушаме што сум сработил, за некоја песна ако ми рече пушти ја уште еднаш знам дека ќе биде хит. Според реакцијата на син ми предвреме знам како ќе ми помине песната“, открива Роберт.

- Реклама -