Живеел покрај плажа, но не ја видел затоа што бил премногу дебел за да излезе од дома.
„Поминаа многу години, откако последен пат излегов надвор и уживав. Ми недостасува сонцето, капењето и чувството како вода ми се слева по лицето“, изјавил испотениот Напути, во документарецот посветен на неговиот живот „Трка со времето:човек тежок 410 килограми“.
Рики Напути живеел недалеку од прекрасна плажа на островот Гуам во САД, но починал пред да успее да излезе и да го посети брегот.
Напути (39) бил тежок 410 килограми, што му го отежнувало поместувањето, а ни локалниот превоз не можел да ја издржи неговата килажа.
За да успее локална авио-компанија да го пренесе на операција која можела да му го спаси животот, Напути морал да загуби неколку килограми. За жал, починал пред да успее да ја оствари оваа цел.
http://youtu.be/B_RTF47Vpvw