Мајкл Савоја, познат дизајнер на машка облека за Холивудски ѕвезди е пронајден мртов во река, откако претходно последен пат бил виден на забава на Парис Хилтон.
Познат како Савоја Кројацл, дизајнерот бил пронајден околку четири часот наутро на 13 феврувари, по забавата во клубот Марака.
Имено, тој живеел на брод, па неговото тело било пронајдено непосредно до живеалиштето, откако прв го пријавил неговото отсуство личниот возач.
Полицијата соопштила дека на телото не се пронајдени траги од насилство и дека дизејнерот најверојатно се опил и паднал од бродот.
Се уште нема официјално позната причина за настанувањето на смртта.