Бил и Мелинда Гејтс одамна го наполниле подрумот со храна

Мелинда Гејтс, сопругата на коосновачот на Мајкрософт, во интервју за Би-би-си кажа дека таа и нејзиниот сопруг одамна го наполниле подрумот за случај на евентуална катастрофа од глобални размери.

„Пред неколку години Бил и јас разговаравме за оа што ќе се случи ако снема вода за пиење. Што ако нема доволно храна? Не сакавме да се препуштиме на случајот и да, го наполнивме подрумот со храна за секој случај“, кажа Мелинда.

Таа најави дека фондацијата која ја основаа таа и нејзиниот сопруг ќе донира уште 150 милиони долари за набавка на медицински материја и развој на вакцина против коронавирусот. Досега донираа 250 милиони за борбата против пандемијата.

„Бил и јас секој ден сме свесни колку сме среќни. Многу добро знаеме колку сме привилегирани и благодарни сме што немаме проблеми со основните нешта, како купување храна, што ги мачи бројни семејства низ целиот свет“, кажа Мелинда Гејтс.

Бил Гејтс уште на крајот на 2014 година предупредуваше дека светот не е спремен за евентуална пандемија на некој вирус и истакнуваше дека таквото сценарио би можело да има катастрофални последици.

- Реклама -