Бил Гејтс е за 10 милијарда долари побогат од почетокот на годината

Дваесет години по ред Бил Гејтс е именуван за најбогат човек во Америка, тоа беше објавено вчера во годишната листа на Форбс.

И покрај тоа што Гејтс работи како филантроп и во неколку наврати вети дека ќе го даде поголемиот дел од неговото богатство, тој сепак станува побогат и побогат цело време.

Она што изненадува е дека Microsoft не е извор на неговото ново збогатување. Со Microsoft богатството на Гејтс се мери на 72 милијарда долари, што е една петтина од неговото вкупно богатство, соопштува Форбс. Во периодот кога Стив Балмер изјави дека се повлекува од позицијата извршен директор на Microsoft акциите заокружија цена од 36 долари, а сега се 32 долари од акција.

Но, најголемиот дел од неговите приходи доаѓаат од други компании. Неговата инвестициска куќа Cascade поседува голем дел од tractor maker Deere& Co, како и канадската национална железница и мексиканската Кока-Кола bottler Femsa.

Внесувањето на разновидност во други гранки од Microsoft беше паметен чекор. Гејтс е за 9.8 милијарда долари побогат од почетокот на 2013 година, според индексот на милијардери на Bloomberg. Освен тоа на почетокот од 2013 година тој беше за 7 милијарди долари побогат од почетокот на 2012 година.

Гејтс беше еден од основачите на она што се нарекува давање на залог, при што богатите луѓе ветија дека ќе го разделат најголемиот дел од своето богатство. Според некои извештаи Гејтс даде најмалку 28 милијарда долари за добротворни цели во периодот од 2007 до 2012 година, но јасно е дека неговото богатство расте побрзо како што тој го дава.

Текстот е објавен во соработка со SocialNet.Mk

- Реклама -