Бикинито што „ги зголемува градите“ прераснува во тотален хит за летово

Ако редовно користите Инстаграм, веројатно веќе забележувате дека сé повеќе девојки, особено оние со голема публика – таканаречените „инфлуенсерки“, сé почесто носат необичен модел на бикини, викан V-bar.

Се работи за бикини со градник кој на средината има жица во облик на латинската буква V превртена наопаку. Дизајниран е од австриската компанија Bamba, и незапирливо се шири по бројните онлајн продавници. Тоа што го прави посебен, велат, е што го истакнува деколтето, но не на претеран начин.

 

- Реклама -