На „YouTube“ се појави видео снимка од концертот на Бијонсе во Белград под назив „Бијонсе ја шамараат и ја влечат за коса во Србија“, кој предизвика низа бурни реакции.
Имено, на видеото се гледа како пејачката во еден момент се симнува меѓу обожавателите заедно со телохранителите и во жар на воодушевување фановите сакаат да ја допрат дивата.
Бијонсе не изјавила дека имала какво било непријатно искуство во Србија, а на видеото може да се забележи како обожавателите ја туркаат и допираат.
http://youtu.be/KSLH6rNtroo