Бијонсе во опасност: Пејачката на мета на манијак во Лондон!

Бијонсе повторно прима заканувачки писма, а се претпоставува дека станува збор за истиот обожавател Басеј Есиен кој во 2011 доби судска забрана за пристап до пејачката.

За концертот во Лондон што ќе се одржи во текот на викендот се зголемува сигурноста и бројот на телохранители на Бијонсе поради страв од опседнатиот обожавател од кој пејачката прима заканувачки писма. Се претпоставува дека станува збор за Басеј Есиен кој во 2011 година беше судски предупреден да не и се приближува на пејачката, а доби и забрана за пристап до неа.

„Сите се известени дека пејачката е во опасност и на сите им е испратена фотографија од осомничениот“, рекол извор за „The Sun“.

saw-image-2-357603929

Есиен уште во 2009 година и испраќал заканувачки писма на Бијонсе и тврдел дека таа е измамничка која ја убила вистинската Бијонсе.

Бијонсе и во понеделникот се најде во незгода откако еден обожавател ја удри по задникот на настап. Таа само му врати дека ќе биде отстранет од салата.

- Реклама -