Заборавете на „селфито“, сега „селфи од позади“ е последниот тренд кој го споделуваат познатите на социјаните медиуми.
Од Бијонсе до Кендал Џенер, Ријана и Рита Ора, познатите го промовираат овој тренд.
А, зошто „селфито од позади“ е толку популарно и заразно? Па постојат различни фактори. На прво место е можноста да се сликаат топлес без да им се видат градите, и да добијат казна од Инстаграм поради голотијата и да го прикажат својот неверојатно извајан грб.
Исто така, се чини помалку нарцистички од вообичаените „селфи со напрчени усни“, и најважно, значи дека не мора да стават шминка или да ја поминат низ филтри фотографијата за да биде достојна да ја објават за јавно гледање.
Во отсуство на лицето, сценографијата е често „ѕвездата“, давајќи можност навистина да се покаже неверојатната околина.