Поп дивата Бијонсе и нејзиниот сопруг Џеј Зи повторно ќе станат родители.
Како што пренесуваат американските медиуми, пејачката на неодамнешната Мет Гала наводно се обидела да го скрие нејзиниот труднички стомак.
Откако вo јануари минатата година ја роди ќерката Блу Ајви пејачката не ја крие желбата повторно да стане мајка. Една од причините е тоа што мисли дека на нејзината ќерка ѝ треба друштво.
„Би сакала да имам уште деца, мислам дека на мојата ќерка ѝ треба друштво“, изјавила Бијонсе.
Двојката сѐ уште не ги кoментира овие наводи, но доколку е тоа точно дивата ќе мора да ги откаже настапите за нејзината светска турнеја „The Mrs. Carter Show“.