Бијонсе ново заштитно лице на H&M

Поп дивата Бијонсе е ново заштитно лице на H&M. Пејачката ќе ја претстави летната колекција на брендот, а фотосесијата се снимаше во јануари на Бахамите.

Инаку, уште во јануари се проширија гласини дека Бијонсе ќе стане дел од H&M, но сега оваа информација доби и официјална потврда. Гласините се појавија кога една од танчерките кои настапуваат со Бијонсе на Твитер напиша „Прв ден на Бахами. H&M сѐ е спремно…одиме!“, но набрзо објавата беше избришана.

За сега е објавена само една фотографија од Бијонсе во гардеробата на познатиот бренд.

article-2296817-18D3FA34000005DC-732_634x744

- Реклама -