Летната сезона брзо се приближува и доколку имате резервирано ран летен одмор, веќе е време да почнете да размислувате што треба да пакувате.
Ако сакате вашата гардероба за одмор да изгледа како директно да излегла од светските модни писти, тогаш треба да ги вклучите сите комбинации на бела облека, хипи луксузна облека и шешири.
Познатите ѕвезди веќе покажаа дел од модните трендови за ова лето, а тука ви ги претставуваме највпечатливите од нив.