Бијонсе на 15 април доаѓа во Белград

Поп дивата Бијонсе ја почнува својата европска и светска турнеја „The Mrs. Carter Show World Tour“ во Белград на 15 април во Комбанк Арена.

Ова е нејзина прва турнеја по три години и опфаќа 20 европски градови, меѓу кои Загреб, Братислава, Даблин, Берлин, Париз и четири последователни настапи во Лондон. Северно-американската турнеја ја почнува на 28 јуни во Лос Анџелес во рамки на која, исто така, ќе настапи во повеќе од 20 градови. Бијонсе, како главна ѕвезда ќе настапи и на најголемиот светски музички фестивал Rock in Rio на 13 септември во Бразил.

COLUMBIA RECORDS BEYONCE TOUR

„The Mrs. Carter Show World Tour“ ќе биде најамбициозната и најголема турнеја на Бијонсе до сега. Планирано е да трае една година, а во вториот круг ќе ги опфати и Јужна Америка, Австралија и Азија.

Цените на влезниците се движат од 2700,3900,4500,5500 до 5900 динари. За членовите на фан клубот ќе бидат  во продажба од среда, 6 февруари, од 16 часот преку сајтот www.beyonce.com. Влезниците ќе излезат во претпродажба од петок, 8 февруари, на одредени места, а на сите продажни места во Србија влезниците ќе може да се набават од 11 февруари.

Деталната листа на турнејата како и информации за продажбата на влезниците на сите територии се достапни на www.beyonce.com.

- Реклама -