Поп дивата Бијонсе вчера во Њујорк го промовираше документарниот филм за нејзиниот живот „Life is but a dream“.
„Ќе ми биде тешко да го гледам филмот со сите присутни во киното. Никој до сега го нема видено освен мојот сопруг и мајка ми. Кога се возев навака си мислев…о Боже, ова навистина се случува“, рекла пред премиерата Бијонсе.
[youtube]http://youtu.be/iniGJdFmy44[/youtube]
„Убаво е да се знае дека целиот вложен труд се исплати. Сѐ се случува со причина“, рекла пејачката.
Бијонсе на премиерата се одлучи за елегантен фустан со кристали на Elie Saab.