Бијонсе гостуваше во „Good morning America” и најави дека има нешто важно да каже на своите обожаватели.
Иако се надеваа на убави вести, нејзината објава разоачра многу обожаватели.
Всушност, Бијонсе рече дека била на посебен режим на исхрана со цел да ги изгуби вишокот килограми и дека станала веган.
Иако објави и неколку фотографии во костум за капење, во кој изгледа феноменално, многу обожаватели бурно реагираа на нејзиниот избор.
Нејзините профили на социјалните мрежи ги преплавија обожаватели кои објавиле стикери со пици и хамбургери, но споделувале и фотографии на кои Бијонсе јаде месо.