Бијонсе ги исфрли српските новинари, се плаши од грди фотографии

Поп ѕвездата им забрани на претставниците на медиумските куќи да присуствуваат на концертот во Комбанк арена во Белград на 15 април.

Српските новинари се непожелни на концертот на Бијонсе Ноулс во Комбанк арена на 15 април.

Поп ѕвездата инсистирала на тоа ниту еден претставник на медиум да не биде во најголемата сала на Балканот, затоа што се плаши од грди фотографии. Таа ангажирала еден фотограф кој ќе ја слика во текот на целата турнеја, а организаторите ќе им испраќаат фотографии на редакциите.

„На организаторите им стигнаа повеќе од 200 акредитации. Концертот сакаа да го пратат и медиумите од регионот. Тука ние сме немоќни затоа што организацијата на настапот го презема менаџментот на пејачката. Во рајдер листата, покрај многуте барања, стои и дека новинарите се непожелни. До сега сме немале ваков случај“, рекол извор за српскиот весник Курир.

Бијонсе утре би требало да пристигне во Белград, а со неа ќе дојде целото семејство – сопругот Џеј Зи и ќерката Блу Ајви.

Изгледа не сака да ѝ се повтори ОВА.

- Реклама -