Славното семејство Бијонсе и Џеј Зи, кои минатата година ја предводеа листата на „Билборд 100-те највлијателни личности во музичката индустрија“, оваа година паднаа од првите позиции.
Двојката беше на чело на листата во 2014 година, кога беа прогласени за највлијателни уметници во музичката сфера, што делумно се должеше на рекламирање и огромната продажба на нивните албуми. Но, конкуренцијата ги остави на задните седишта во 2015 година.
Оваа година листата е предводена од шефот на “Universal Music Group” Луси Греjнx, следен e шефот на “Live Nation” Мајкл Рапини и музичкиот продуцент Ирвинг Азоф на третата позиција.