Бијонсе и Џеј Зи продолжуваат да одржуваат перфектни семејни односи за инает на гласините за проблеми во бракот.
Неодамна двајцата заедно со ќерката им Блу го посетија музејот Лувр во Париз, Франција, а сега Џеј Зи сподели и лични фотографии од приватната прошетка во музејот. На една од фотографиите двајцата позираат пред познатиот портрет на Леонардо Да Винчи Мона Лиза.
На други слики пак се гледа малата Блу Ајви, која подрипнува весело пред објективот.
Друга интересена фотографија ја покажува Бијонсе која си прави селфи пред статуа, позирајќи на истиот начин.
Потсетуваме дека неодамна во мрежата се појави видео на кое се гледа како семејството пристигнува во приватната обиколка на Лувр, а додека поминуваат покрај туристите, телохранителот на музичкото семејство ги моли да не ги фотографираат Бијонсе и Џеј Зи.
Во меѓувреме еден млад човек прашува: „Зошто, кој е тој?”. По се изгледа дека ова го налутило раперот, бидејќи тој се свртел кон туристот и го прашал: „Кој си ти?”