Како да направите Биг мек во домашни услови (видео)

Дали некогаш сте посакувале да си направите Биг мек во домашни услови? Ако одговорот е да, сега имате шанса да го сторите тоа, откако деновиве на Youtube се појави видео со тајниот сос на Биг мекот, насловено What is in the sauce that is in the Big Mac.

Видеото не завршува со рецептот за сосот. Тоа продолжува со инструкции за подготовка на овој популарен сендвич на три ката. Почетокот на видеото говори за тоа дека, специјалната состојка од сосот на Биг мекот, всушност, никогаш не била тајна, затоа што рецептот веќе со години можел да се најде на Интернет, но и во огромниот број Mc Donald’s ресторани ширум светот.

Презентерот во видеото е готвачот на Mc Donald’s Ден Кудро, кој ги учи гледачите како да го направат совршениот сос за помалку од две минути, во видеото што за кратко време доби повеќе од 500 илјади прегледи.

За да го добиете совршениот сос во домашни услови, прво помешајте малку мајонез и сенф со малку ситно сецкани кисели краставички, заедно со дел од нивната маринада, и вински оцет. Потоа додадете лук во прав, кромид во прав и црвен бибер за боја и за вкус. Кудро додава дека иако во одредени сосови се мешаат комплементарни состојки, сосот за Биг мек се концентрира на контрастни вкусови.

Откако завршува со сосот, Кудро продолужа да го реди целиот сендвич. Тој сецка малку свеж кромид и зелена салата, а потоа додава кисели краставички меѓу лепчињата на Биг мекот.

{youtube}rcu4Bj3xEyI{/youtube}

- Реклама -