Не постои некое правило за тоа кога треба да им подарите на вашите најмили нешто, но мора да се признае дека новогодишната атмосфера може да се искористи како одличен повод за пријатно изненадување. Во продолжение ви нудиме 10 идеи за подароци кои ќе ја разбудат насмевката на лицата на вашите најблиски и ќе го кренат расположението, без притоа да го испразнат вашиот џеб.
1. Заедничка фотографија во рамка
Со се почестата употреба на компјутерите во секојдневието, се поретко е сместувањето на фотографии на полиците или ѕидовите. Извадете ја вашата омилена заедничка фотографија и сместете ја во убава рамка.
2. Топлинки
Старите велат дека „настинките најчесто доаѓаат од нозете“, па не дозволувајте на стапалата на вашиот најдраг да им биде ладно.
3. Шолја за кафе
Онаква, со симпатични новогодишни мотиви или пак некоја со љубовна тема. Но, најдобро би било доколку најдете да купите две кои се совпаѓаат една со друга. Едната задржете ја за вас, а другата, подарете ја.
4. Хулахопки или обетки – за неа, шише вино или сет пива – за него
Во весели, новогодишни бои, кои ќе ја развеселат зимата. За неговиот омилен пијалок пак, погрижете се сами за декорацијата.
5. Декоративен украс
Идеални се оние со зимски мотиви, кои ќе ја одбележат пригодата и ќе го подигнат празничниот дух.
6. Домашно направени колачиња
Велат дека љубовта доаѓа преку стомакот. Пригответе ги со внимание оние кои знаете дека најмногу му/и се допаѓаат.
7. Капа
Без разлика дали станува збор за зимска или спортска, капата ќе биде практичен порадок кој одлично ќе му се најде на секого.
8. Сет миризливи свеќи и стапчиња
Кои ќе ја разубават магијата на новогодишната ноќ.
9. Ракавици
Тие се задолжителен аксесоар во зимскиот гардеробер, а сепак на многумина им недостигаат. Доколку знаете дека вашата најмила личност нема ракавици, ова е одлична прилика да се погрижите за нејзината немарливост.
10. Пакетче
Зошто без разлика на возраста, пакетчето полно со чоколади и разни грицки секогаш ќе ја израдува личноста на која ќе му го подарите.