Бидете фит со вашиот личен тренер смартфон

H7 Heart Rate сензорот e eден од најдобрите фитнес додатоци кој ќе ви помогне да одржите врвна физичка форма. Овој уред во реално време ги мери вашите витални функции и се поврзува со различни справи за вежбање.

Доколку пак имате мобилен уред може да го поврзете директно со повеќе фитнес апликации.

2013_Polar_Brochure_Cover

Овој сензор лесно се закачува на делот од телото, на појасот или пак на раката и нема воошто да ви пречи за време на вашиот тренинг. Без оглед дали е тоа развој на одредена група мускули или пак општа физичка подготвеност користењето на H7 Heart Rate сензорот ќе ви ја одржи мотивираноста на високо ниво и може да дојдете до конкретни резултати.

H7 Heart Rate сензорот не служи само за бележење на бројот на склекови или стомачни што сте ги направиле во денот, туку ги анализира податоци, ви обезбедува корисни совети и ве насочува како да ја остварите посакувана цел, ви покажува колку калории сте согориле и каков е ефектот на телoто. Сето тоа се прави преку поврзување со специјалните фитнес апликации.

6a01156f7533eb970c017d3fb9a90f970c-500wi

Вакви апликации има многу, но ретко која поседува висок квалитет. Една од подобрите апликации е Polar Beat со која ќе може да поставите правилен режим на вежбање исто како и со помош од професионален фитнес тренер. Таа е наменета за iPhone и за корисниците на Android, но има и други апликации кои се компатибилни со H7 Heart Rate сензорот.

polarSmartAd-LRG

Со комбинација на сензорот H7 Heart Rate и фитнес апликациите ќе го подигнете квалитетот на тренингот на едно повисоко ниво и побрзо ќе го намалите вишокот килограми. Со ова добивате професионални совети и насочувања за поставената цел исто како и од фитнес инструктор, без оглед дали вежбате во домашни услови или во теретана.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -