Бидете фит со новиот јогурт на Бимилк

Современиот и динамичен животен ритам секојдневно ја троши нашата енергија, но дали соодветно ја обновуваме? Правилниот начин на исхрана бара внимание, посветеност и пред сè познавање на потребите на нашиот организам за здрави и хранливи материи. Сите сакаме да се храниме здраво, но и да уживаме во вкусни јадења без да размислуваме за комплицирани режими на исхрана и диети. Оттука, сè поголема е потребата од производи со избалансирана хранлива вредност, без прекумерни маснотии и калории за консумирање во текот на денот.

Новиот ФИТ јогурт на БиМилк е создаден токму како одговор на потребите на луѓето со активно секојдневие. Трите основни карактеристики и предности на овој производ се кремкастиот вкус, богатството на протеини и ниското ниво на масти и калории.

За оние кои сакаат да бидат во добра форма, здрави и витки, подготвени за предизвиците кои ги носи современиот начин на живот, Фит јогуртот од денеска е веќе во продажба во пакувања од 150 г. со енергетска вредност од само 99 калории.

Фит јогуртот претставува вкусна и „лесна“ ужина која ќе ги надополни вашите потреби од протеини, калории и хранливи материи во  пролетните денови исполнети со активности, спортување и тренинзи.

- Реклама -