Бидејќи летото е создадено за полнети пиперки

Совршен рецепт за полнети пиперки.

Состојки:

Жолти пиперки

шолја ориз

мелено месо (идеално половина јагнешно, половина свињко), околу килограм, а можете и без месо

зејтин

кромид

сол, бибер ( и зачини по вкус)

доматен сос

Подготовка:

На зејтин, во широко тенџере на умерена температура продинстајте го кромидот, додека не стане слаткаст. Додадете мелено месо и мешајте додека месото не побеле, односно, додека не стане рамномерно и термички обработено.

Додадете во месото шолја исчистен ориз, малку вода и динстајте уште десет минути, додека не омекне оризот. Наместо ориз можете да користите и просо или модар патлиџан. На крајот се додаваат зачинот, солта и биберта и смесата за полнење е готова.

Филувајте ги пиперките со смесата, на врвот ставете кругче домат или компир ( повкусно е со домат).

Во тенџерето во кое ја подготвувавме смесата се става малку сос од домати и една чаша вода да зоврие. Со зовриената течност се полеваат пиперките и се ставаат во веќе загреана рерна на 250 степени да се печат.

- Реклама -