Ова старо англиско селце во областа Глочестершир е познато по своите камени куќи, изградени во 17-тиот век. Самите куќи наликуваат на колиби, а комбинацијата со природното зеленило што се провлекува низ улиците му дава неверојатно шармантен „англиски“ изглед.
Најзначајните карактеристики на селото се Arlington Row – ред од стари куќи по брегот на реката Колн, воденото пасиште Rack Isle и фармата Bibury Trout. Фармата се смета за најстара во Англија, а ви нуди можност и лично да ја доживеете, јадејќи во ресторанот сместен во нејзиниот склоп.
Дополнително, можете да појдете на релаксирачка прошетка до црквата St. Mary.