Библиска наезда на скакулци во Мадагаскар

Жителите на Мадагаскар се до колена преплавени во наезда на скакулци од речиси библиски размери. Иако земјата се соочува со овој проблем веќе три години, овој пат наездата е далеку посериозна. Скакулците ги уништуваат посевите и се закана по живеалиштата на милиони луѓе.

Во продолжение ќе видите неколку фотографии од главниот град Антананариво.

desktop-1409679588[1]

Мадагаскар е лоциран на миграционата рута на скакулците, што делумно го објаснува проблемот.

desktop-1409679586[1]

Жешките и долготрајни топлотни бранови ги привлекуваат скакулците да останат подолго.

desktop-1409679586[1]

Во 2012-та, владата даде одобрение за агресивна пестицидна кампања, со цел контрола на популацијата на скакулците.

desktop-1409679584[1]

Сепак, кампањата беше неуспешна во тоа да ги запре инсектите во размножувањето.

desktop-1409679584[1]

Да биде уште покомплицирано, за дел од локалните жители, скакулците се главен извор на исхрана. Потенцијален негативен резултат од пестицидната кампања би било труењето предизвикано од пестицидите кај оние кои се хранат со мртвите скакулци.

desktop-1409679581[1]

Во меѓувреме, инсектите продолжуваат да владеат на просторите на Мадагаскар.

desktop-1409679578[1]

- Реклама -