„Бугарската министерка за надворешни работи со апсурдно тврдење дека не може во ЕУ да се слави Тито. Чудо е што Словенија и Хрватска влегоа во ЕУ“, коментира аналитичарот и експерт за југоисточна Европа – Флоријан Бибер, по изјавата на Захариева дека „не може Македонија да сака во ЕУ, а да го слави диктаторот Тито“.
Бибер, кој е професор по историја и политика за Југоисточна Европа на катедрата „Жан Моне“ за Европеизација на Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац, неодамна пишуваше за „бугарското силеџиство“ врз Македонија и жестоко ги критикуваше бугарските барања под закана со вето. Во Твитот за изјавата на Захариева, тој саркастично додава:
„Мора да сум ги пропуштил сите македонски прослави на Тито“…
Bulgarian MFA claims absurdly that one cannot celebrate Tito in the EU. It’s a miracle that Slovenia and Croatia entered the EU (I must have also missed all the Macedonian Tito celebrations) https://t.co/rWGJirPcHI
— Florian Bieber (@fbieber) November 15, 2020
„Бугарија отсекогаш била пријателски настроена кон Македонија. И покрај негирањето на бугарското, ние им пруживме рака во сите тешки моменти. 30 години по промените, не може да сакаш да си во ЕУ и истовремено да славиш еден од најмрачните диктатори – Тито. Двете нешта се контрадикторни едно со друго“, изјави денеска Захариева за „bTV“, при што потврди дека Бугарија нема да даде зелено светло за почеток на преговорите, заедно со пар други пораки (прочитајте ТУКА).