Градоначалникот на Осло наредил да се спроведе темелна истрага околу организацијата на концертот на Џастин Бибер, по кој 49 тинејџерки биле повредени во турканицата, а 14 морале да бидат спасувани со амбулантни возила.
Иако никој не бил посериозно повреден, градоначалникот, Фабијан Станг, ја изразил својата загриженост за сериозните пропусти во планирањето и изведбата на настанот, поради кој полицијата во еден миг размислувала да прогласи вонредна состојба, за да може да ги контролира разбеснетите фанови. Самиот градоначалник вели дека во еден миг нештата станале толку лоши, што тој морал да се скрие зад дрво, за да не биде изгазен од тинејџерки.
{youtube}35HJe_iyNGU{/youtube}