Џастин Бибер веќе не е најгледан на YouTube (видео)

Долго време Џастин Бибер беше рекордер според прегледите на едно видео на YouTube, со својата иритирачка песна Baby. Од денес, веќе имаме нов рекордер.

Корејската поп-сензација PSY, веќе има преку 820 милиони прегледи и опасно се наближува кон магичната граница од една милијарда.

Она што е уште поимпресивно е фактот што видеото на Парк Џае Санг, попознат како PSY, беше објавено во јули годинава, додека на Бибер му беа потребни 2 години за да надмине 800 милиони прегледи. Уште поважно, песната на PSY е рекордер според лајкови (преку 5 и пол милиони), а Бибер исто така е рекоредер според дислајкови (преку 3 милиони).

- Реклама -