Откако беше осомничен за фрлање јајца кон домовите на соседите, полицијата упадна во домот на Џастин Бибер каде пронајде дрога.
Имено, во луксузниот дом на пејачот била откриена непозната количина на кокаин, а негов пријател или соработник завршил уапсен од страна на надлежните служби.
„Пронајдениот кокаин беше на видливо место“, изјавил еден од полицајците кој бил на претрес.
Пејачот засега е ослободен од обвиненија иако навистина на никој не му е јасно зошто фрлал со јајца по комшиите.