Би се осмелиле ли? Неверојатно екстремна лулашка со јаже

Тешко дека многу луѓе би отишле во Јужна Африка и би ја одбрале оваа 182 метри висока карпа како перфектно место да се полулаат со јажиња. Ама Мајк Вилсон и Ендрју Киркпатрик се зависници од адреналин и се баш тие луѓе. Резултатот е веројатно најекстремната лулашка на светот, а целата лудост на подвигот авантуристите го снимиле на камера.

Bungee Jumping

За разлика од останатите видеа, ова ќе направи да ви се сврти во главата и ќе ви даде идеја како отприлика изгледа еден ваков скок. За некои, ваков екстремен потег би значел неверојатно уживање и живот во полн ек. За други, сигурна смрт од возбуда и страв. Во која група сте вие?

- Реклама -