Услугата на компанијата „Serra Verde Expres“ е една од главните атракции во Парана, Бразил. Таа транспортира и преку 150.000 жители годишно од Паранагва до Куритиба, и градовите помеѓу нив.
Возот минува по пругите кои се протегаат покрај недопрената Атлантска шума, и разни туристички атракции како прекрасните Игуазу водопади, старата архитектура на градовите и живописните пејсажи. Возењето во луксузните вагони нуди неповторливо доживување и е уникатен начин да се разгледа Бразил од еден поинаков агол.