„Би сакала да бидам како неа барем на еден ден“

Џенифер Анистон е една од најубавите актерки во Холивуд, а нејзиниот изглед сакаат да го копираат многу жени.

Но и таа има свој модел на кој се угледува- би сакала да изгледа како познатата бразилска манекенка!

Познатата актерка Џенифер Анистон и во своите 40-ти изгледа прекрасно и негувано, но и таа има свој модел кога во прашање е секси телото.

Во интервју за списанието ‘Self’ познатата „пријателка“ признала дека сака да го гледа талент шоуто ‘The Voice’ додека јаде мексиканско начо чипс, а признала и дека би сакала барем на 24 часа да има тело како на познатата бразилкса манекенка Жизел Бундхен! Веројатно со таа изјава многумина се сложуваат, но освен Жизел, изборот на Џен за убаво тело бил и скијачката Линдзи Вон.

Screenshot_2

Изгледа дека Жизел сепак е нејзино тајно „страдање“, бидејќи пред неколку месеци рекла дека и завидува и на бујната коса.

- Реклама -