Би плаќале ли 1.600 евра за наем на станов?

Изнајмувањето во Њујорк е многу скапо, па многумина живеат во минијатурни апартмани од неколку квадратни метри.

Оваа гарсониера беше прогласена за „најдобиот тажен имотен оглас” во Њујорк од порталот Curbed New York.

Домот се наоѓа во Чајнатаун. Тој не е само мал, туку и не располага со бања, односно има само тоалет, а туш кабината е посебно кујната, директно залепена за мијалникот.

Погодноста на гарсониерата е тоа што спалната соба е одделена од кујната, па барем гостите нема да седат помеѓу креветот и кујнскиот мијалник.

Во Менхетен не се реткост студиа, во кои се спие и јаде во една просторија, но да се капете во истата соба е веќе премногу.  Киријата на ова студио е 1 795 долари, но може да се преговара за мал попуст.

Студиото било изнајмено во рок од две седмици, по огласот.

`1 2 3 4

 

- Реклама -