Би го убиле ли Хитлер кога бил бебе ако можевте?

Истражувањето кое го спроведоа Њујорк Тајмс открива дека 42 проценти од испитаниците со задоволство би се вратиле во 1889 година, со цел да го убијат „бебето Хитлер“ и на тој начин да го променат текот на историјата.

So-would-you-photo-public

„Драги читатели, дали би го убиле Хитлер?“, гласеше прашањето до онлајн изданието на њујоршкиот магазин кое се обиде да дознае колку читатели се подготвени да извршат убиство, доколку знаат во што би пораснало тоа дете.

Од 3.000 претплатници, 42 проценти искажале подготвеност да го убијат нацистичкиот лидер во колевка за да го спречат страдањето на милиони луѓе.

Спротивно на нив, 30 проценти од анкетираните рекле дека не се способни да направат такво нешто, а 28 биле неодлучни.

- Реклама -