Бијонсе ги покажа своите ослабени нозе во кратки шорцеви, откако таа и Џеј Зи биле 22 дена на веган диета.Таа можеби има познато лице, но фантастични нозе на Бијонсе е невозможно да останат незабележани, особено откако била на кратка веган диета која ги истенчила и зацвртила.
Нејзиниот сопруг, Џеј Зи откри на својот веб сајт дека тој и својата сопруга практикувале веганство нешто повеќе од три недели.
„На 3-ти декември, ден пред мојот 44-ти роденден ќе направиме 22 дена од предизвикот да јадеме целосно веган, или исклучиво растителна храна. Ова идеја ми ја даде мој пријател кој пред неколку месеци ме предизвика да ја пробам веган диетата“, напишал познатиот рапер. „Има нешто духовно за мене во ова, бидејќи е мојот 44-ти роденден и среќна случајност зад бројот на денови од оваа диета- 22 (2+2=4) во комбинација со фактот дека диетата ми завршува овој Божиќ… едноставно чуството е правилно!“
Бијонсе е моментално во средина на својата турнеја Mrs Carter Show World Tour.