Би-би-си: Тенкови и оклопни возила се движат кон градот Газа

Израелски тенкови и оклопни возила континуирано се движат кон градот Газа и веќе се пробија во северните предградија, јавува денеска Би-би-си.

Британскиот јавен сервис пренесува дека израелската армија (ИДФ) не соопштува многу на оваа тема, освен дека ги проширува копнените операции.

Меѓутоа, британските медиуми јавуваат дека ИДФ тврди дека Хамас има бројна мрежа на тунели што ги користи како командни и контролни центри.

„Како што слушнавме од нашите колеги, израелските сили упаднаа во северните предградија на градот Газа и има оклопни возила од двете страни на двата булевара што водат од север кон југ. Еден пат минува по брегот, од северот на градот Газа, а другиот оди директно преку Појас, кон југот на градот“, наведуваат од Би-би-си.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

„Она што во моментов е нејасно е што ќе се случи со цивилите. Знаеме дека има стотици илјади жители кои не го послушаа повикот на Израел да се преселат во јужниот дел на Појасот Газа. Се чини дека оние кои останаа во градот сега се заглавени во него“, пишува Би-би-си.

МИА

- Реклама -